20.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Македонија падна една позиција на најновиот ранкинг на ФИФА, Шпанците скокнаа до третото место

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од една позиција на најновото издание на ФИФА-листата. Нашиот национален тим сега се наоѓа на 72-рата позиција на светскиот ранкинг.

Падот се должи на напредокот од четири позиции на селекцијата на Грузија, која се најде на 70-тото место откако имаше одлично претставување на ЕВРО 2024.

На првото место и понатаму е светскиот првак Аргентина, пред Франција, а на третата позиција сега е новиот европски шампион Шпанија, кој напредуваше за пет позиции. Потоа следува финалистот Англија, додека на петтото место падна селекцијата на Бразил.

Во Топ 10 се уште и Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.

- Оглас -

Најнови вести