Репрезентацијата на САД разочара на Светското кошаркарско првенство и не успеа да освои ниту медал откако заврши на четвртото место, но и тоа беше доволно да се најде на врвот на најновото рангирање на ФИБА-листата. Американците го презедоа светскиот примат од Шпанија, која исто така имаше разочарувачки настап на Мундијалот, па Црвената фурија падна на второто место на листата.
Новиот светски првак Германија скокна за осум позиции и сега е на третото место, а во Топ 5 има место и за Австралија и Србија. Од селекциите кои беа дел од СП, најголем скок направи Летонија, која заврши на петтото место на Мундијалот и тоа ѝ донесе скок од неверојатни 22 позиции, па сега е на осмото место на листата.
Македонската кошаркарска репрезентација забележа пад од шест позиции и сега е на 59-тото место во светски рамки. На оваа листа има вкупно 159 селекции, што значи дека зад Македонија се точно 100 репрезентации.
Комплетната ФИБА-листа може да ја видите ТУКА.
USA reclaim #1 spot in FIBA Men’s World Ranking!
See the full rankings here, presented by @Nike: https://t.co/GeTyrrEHDF pic.twitter.com/oDljE0NUAR
— FIBA (@FIBA) September 15, 2023