Македонија падна за едно место на ФИФА-листата, сега сме 65-та фудбалска сила

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од една позиција на најновата ранг-листа на ФИФА и сега сме 65-ти на светот.

На претходното рангирање во август имавме и повеќе поени и за една позиција подобар пласман, но скромните резултати во Лигата на нациите во последниот период ни донесоа пад од едно место.

Тоа ќе значи дека Македонија како 65-та фудбалска сила на светот ќе ја чека ждрепката на 9 октомври за Европското првенство што ќе се игра во Германија во 2024 година.

Најдобра селекција на планетата според ФИФА ранкингот е Бразил, пред Белгија, Аргентина, Франција и Англија во Топ-5.

Потоа следуваат европскиот првак Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска.

FIFA October coefficient ranking of World Cup teams from soccer

Од Топ-десетте селекции, само Италија нема да игра на Мундијалот во Катар во ноември и декември годинава.

 

- Оглас -

Најнови вести