Македонија пристигна во Ереван со една цел, три бода и да се потврди кој е најдобар во групата (Фото)

По четири и пол часовен лет, македонската фудбалска репрезентација пристигна во Ереван, главниот град на Ерменија.

Убаво е расположението кај фудбалерите кои вчера со 3:0 ја победија Летонија во Рига и со тоа тоа се зацврстија на првото место во групата од Лигата на нации.

Македонија в недела ќе игра против Ерменија, дуел кој може да биде решавачки во трката за освојување на првото место во групата. Нашата репрезентација е прва во групата со седум бодови, а Ерменија е втора со четири.

- Оглас -

Најнови вести