Македонија против три екссоветски републики во Лигата на нациите

Репрезентацијата на Македонија во следното издание на фудбалската Лига на наци, ќе разигрува со три селекции од поранешен СССР, но ниту Ерменија, Естонија или Грузија не се толку силни за да не можеме да се надеваме на прво место и пласман во Лига Б.

ЛИГА НА НАЦИИ, ЛИГА Ц:

Група 1: Азербејџан, Луксембург, Кипар, Црна Гора.

Група 2, Ерменија, Естонија, МАКЕДОНИЈА, Грузија.

Група 3: Молдавија, Словенија, Косово, Грција.

Група 4: Казахстан, Литванија, Белорусија, Албанија.

Знаевме дека не може да ни паднат Косово, Белорусија и Кипар. Извлекувањето беше во рацете на некогашниот швајцарски репрезентативец Филип Сендерос.

Мечевите почнуваат на 3 септември, првото коло се игра на 3, 4 и 5 септември годинава, а второто е од 6-8 септември. Потоа по две кола се играат во октомври и ноември. Завршницата е на 2, 3 и 6 јуни 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести