Македонија сигурно ќе игра во баражот за СП 2026 ако во квалификациите нема повеќе од три изненадувања

Македонската фудбалска репрезентација со пет победи и едно реми го заврши најдобриот настап во едно натпреварување, па сосема заслужено заврши на првото место во својата група од Лигата на нациите. Многу калкулации започнаа да се прават околу тоа дали Македонија има шанси да се надева за место во бараж за пласман на Светското првенство во 2026 година, и тоа врз основа на резултатите од Лигата на нациите.

Квалификациите за Мундијалот во 2026 година ќе се играат следната година, а групите ќе бидат познати по ждрепката која ќе биде на 13 декември. Првопласираните од секоја група директно ќе одат на завршницата на планетарниот собир, а второпласираните во групите ќе бидат дел од баражот.

Пресметките се многу јасни. Доколку се случи репрезентациите кои се дел од првиот и вториот барабан на крајот да ги освојат првите две места во своите групи од квалификациите, Македонија сигурно ќе обезбеди место во баражот за Мундијалот благодарение на резултатот од Лигата на нациите, и тоа според резултатите, како прва во тој бараж.

Тоа значи дека дури и да има три изненадувања во квалификациите, односно репрезентации кои се во првиот или вториот барабан, на крајот да не бидат на првите две места во квалификациите, за Македонија останува опцијата да игра во баражот преку Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести