Македонија слави, одиме чекор напред во Лигата на нации, се отвора можност и за бараж за СП 2026

Со три победи и едно реми во четири кола Македонија покажа дека е убедливо најдобра селекција во групата во која се и Ерменија, Фарски острови и Летонија. До крајот на групата остануваат уште две кола, а Македонија само теоретрски треба да го потврди првото место.

Моментално Македонија има 10 бода, Ерменија е втора со само четири бода без шанси да ја загрози првата позиција. Летонија има три бода, а Фарски острови е само со два бода и тие играат меѓусебе вечерва.

Без разлика дали некој ќе победи или ќе заврши нерешено, тоа се селекции кои немаат шанси да бидат во ранг со Македонија, па нашите фудбалери вечерва во Ереван слават пласман во Б сегментот од Лигата на нации.

До крајот на оваа група, Македонија ќе одигра два меча на домашен терен и тоа во ноември, прво против Летонија, а на крајот и против Фарски острови.

- Оглас -

Најнови вести