Македонија со нов скок на ФИФА-листата

Македонската фудбалска репрезентација е на 68-мото место на најновото рангирање на листата на ФИФА. Македонија има вкупно 1.344 поени, што е за пет повеќе од минатиот месец, а тоа значи и скок од една позиција.

Во изминатиов период, избраниците на селекторот Игор Ангеловски одиграа два меча. Во Скопје ја победивме Словенија со 2:1, но потоа следуваше пораз на гостувањето кај Полска од 2:0, во мечевите од квалификациите за пласман на ЕП 2020. По поразот од Полска, Македонија само на теорија ги сведе шансите дека може да стигне до второто место во групата, кое води на завршницата на континенталниот собир.

На врвот на табелата и понатаму е Белгија со 1.755 бодови, пред светскиот првак Франција со 1.726, Бразил со 1.715 и Англија со 1.651 поени. Во Топ 10 има место и за Уругвај (1.642 поени), Португалија (1.632), Хрватска (1.631), Шпанија (1.625), Аргентина (1.617) и Колумвија (1.615 поени).

- Оглас -

Најнови вести