Македонија со „вториот тим“ се мачи во првото полувреме против Естонија

Естонија и Македонија играат 1:1 по првото полувреме на мечо во Талин во рамките од третото коло во Лигата на нации. Нашата селекција има во речиси комплетно друг состав од тој кој пред неколку дена го победи Косово. Дури осум измени има во првиот состав од првите 11 кои играа против Косово, па тоа се приметува и по играта на теренот.

Македонија поведе со смешниот автогол на Куск, но Естонија брзо ја превзема иницијативата и имаше неколку шанси за гол. Домаќините се израдуваа во 33 минута кога израмнија на 1:1. Естонија е селекција која има 10 порази и само еден нерешен резултат во последните 11 одиграни репрезентативни дуели.

Во текот на првото полувреме стигна и информацијата дека голманот Столе Димитриевски и останатите двајца од стручниот штаб на Македонија, кои утрово беа позитивни на Коронавирусот, всушност се НЕГАТИВНИ на повторениот тест.

- Оглас -

Најнови вести