Македонија утна пенал за победа над домаќинот на Медитеранските игри

Ракометната репрезентација на Македонија на Медитеранските игри во Алжир одигра многу интересен и крајно неизвесен меч против домаќинот Алжир, кој на крајот заврши нерешено 24:24.

Македонија на овие Игри е во комбиниран состав, а селекторот Кирил Лазаров ја испробува силата и на помладите. Во преполната сала и жешката атмосфера која ја создадоа домашните фанови, Македонија покажа дека знае да игра и под притисок.

Нашите ракометари поведоа со 4:1, потоа имаа предност и од 9:7, а потоа следуваше добра игра на Алжир. Домаќинот првпат поведе со 14:13, а на полувреме беше 15:15.

По 40 минути игра беше 18:18, а потоа следуваше добра игра на Македонија за водство од 22:19. Тогаш следуваше најдобрата игра на Алжир, кои дадоа пет погодоци во низа и поведоа со 24:22. Нашите не се предадоа и прво стигнаа до 24:24, а во последниот напад Џонов имаше пенал за победа, но неговиот удар го одбрани Гедбан.

- Оглас -

Најнови вести