14.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Македонката Пројковска судеше драматично полуфинале на Копа Америка за жени (Видео)

Најдобрата македонска фудбалска судијка, Ивана Пројковска, го судеше полуфиналето на женската Копа Америка помеѓу Аргентина и Колумбија, играно во Кито, Еквадор.

По 90 и 120 минути игра немаше гол, па решаваа пеналите. Се шутираа шест серии и на крај победи Колумбија со 5-4.

Пројковска добро си ја заврши работата, а имаше само еден спорен момент, кога Колумбијките бараа пенал поради наводно играње со рака на една Аргентинка. Ивана одмавна со раката, не досуди пенал, а немаше реакција ни од ВАР-собата, што значи дека и тие по преглдување на снимката се согласија дека не треба да има пенал.

- Оглас -

Најнови вести