Македонската снаа и сестра ѝ ја однесоа Русија во полуфинале на ЕП

Репрезентацијата на Русија е прв полуфиналист на женското Европско првенство во ракомет кое се игра во Франција. Русинките, кои се актуелни олимписки шампионки, ја поразија Данска со 32:21, останаа со максимален учинок по четири кола и си обезбедија учество во борбата за медали.

Најдобра ракометарка на вечерашниот меч беше Ана Вјахирева, која даде 9 гола од девет шута, а поранешната членка на Вардар, Полина Кузнецова, постигна 5 гола. Тие две беа убедливо најефикасни во победничкиот тим. Вјахирева е помлада сестра на Кузнецова, која е девојка на најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски.

Ова е прво полуфинале за Русија по 10 години. Вечерва од 21 часот се игра соседското дерби помеѓу Србија и Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести