Македонски фудбалер одби богата понуда од Кина, потпиша за Черно море од Варна!

Македонскиот фудбалер Влатко Дробаров претпочитал да се врати во Черно море од Варна, иако имал финансиски подобра понуда да замине во клуб од Кина.

Дробаров кој има и бугарски пасош, за Морнарите играше и во периодот од 2020 до 2022 година. В недела Черно море гостува кај првакот Лудогорец, но неизвесно е дали Дробаров ќе игра, бидејќи во моментов не бил во оптимална физичка состојба и ќе му треба време да влезе во потребната форма.

- Оглас -

Најнови вести