Македонски јуниор стана хит во Европа откако за една година заигра за три различни репрезентации

Младиот 18-годишен фудбалер на Борусија Менхенгладбах, Шабан Зенку, за една година заигра за три различни репрезентации, а се спомнува дека би можел да заигра и за четврта.

Сето ова е во младинските категории, па додека не заигра официјален меч за сениорски национален тим, може да ги менува репрезентациите. Зенку прво играше за У-18 тимот на Косово, па за У-18 на Албанија, а пред два дена во Струмица настапи и даде убав гол од слободен удар за репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години.

Но, Македонија може и да не му биде последна станица во „патувањето“. Зенку кој е роден во Кичево, ако добие повик да игра за младата селекција на Германија, можеби ќе прифати, иако засега вели дека е среќен што е дел од македонскиот тим.

Поради необичноста на случајот, за Зенку пишуваат многу балкански медиуми, но и пошироко во Европа се дозна за него.

- Оглас -

Најнови вести