Македонскиот ракомет на Европските првенства низ бројки

Одбројувањето полека завршува. Останува само уште ден до стартот на Европското првенство на кое македонската ракометна репрезентација по петти пат во низа, а вкупно шести пат во историјата ќе биде дел од најдобрите. Украина ќе биде утрешниот противник кој би требало да го победиме, а потоа следуваат и дуели против Чешка и домаќинот Австрија.

На досегашните шест учества, Македонија има одиграно 31 меч, а сме се радувале седум пати, шест дуели завршиле нерешено, а дури 18 пати имаме загубено. Имаме постигнато 756 гола, а сме примиле 857 погодоци. Во пресрет на утрешните возбудувања ви нудиме некои интересни бројки поврзани со македонската репрезентација на Европските првенства.

Најголемата победа: 27:21 против Чешка во Ниш на 19.01.2012

Најголем пораз: 18:38 против Чешка во Болцано на 04.06.1998

Најдолга победничка серија: 3 меча (23.01.2012-27.01.2012)

Најдолга серија без пораз: 3 меча (23.01.2012-27.01.2012)

Најдолга серија со порази: 5 меча (18.01.2014-17.01.2016)

Најдолга серија без победа: 9 меча (18.01.2014-27.01.2016)

Моментна серија: Три порази во низа

Најмногу дадени голови: 32 во поразот од Данска 33:32 на 21.01.2012

Најмногу примени голови: 38 од Чешка во поразот 38:18 во Болцано на 04.061998

Најмногу голови на двата тима: 65 во дуелот со Данска на 21.01.2012

Најмалку голови: 18 против Чешка во поразот 38:18 во Болцано на 04.061998

Најмалку голови на противникот: 19 против Србија во победата 22:19 на 25.01.2012

Најмалку голови на двата тима: 41 против Србија во победата 22:19 на 25.01.2012

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести