Македонскиот зет се враќа во МЗТ Скопје

Српскиот крилен центар  Андрија Бојиќ, (27 год, 207 см) во следната сезона повторно ќе настапува во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша едногодишен договор со нашиот претставник во АБА 2 лигата.

Бојиќ беше дел од аеродромскиот тим во финишот на сезоната 2017/18, како и во текот на сезоната 2018/19, во која на крајот се закити со шампионскиот трофеј. Минатата сезона играше за романски Волунтари, а сега повторно се врати во „Јане Сандански“. Срцето му е во Скопје, и неговата сопруга е Македонка, актерката и екс мис на Македонија, Јана Стојановска. 

Андрија Бојиќ играл и за Мега Бемакс, ОКК Београд, Борац Чачак, Младост Земун, КСЕ Јасберењи (Унгарија), Полфарма (Полска) и романска Политехника Јаши. Србинот е трето странско засилување за МЗТ тим во пресрет на новата сезона во која Штрковите влегуваат со највисоки амбиции во АБА 2 лигата и во двете домашни натпреварувања, по Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет.

Тренерот Ѓорѓи Кочов на располагање има и шест македонски репрезентативци и тоа Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Филип Бакоч.

- Оглас -

Најнови вести