Македонските капитени еден против друг – Тричковски има мала предност пред Здравковски

Иван Тричковски и неговите соиграчи имаат одличен резултат од 0:0 за реваншот во четвртфиналето на Кипарскиот куп против АЕЛ Лимасол.

Интересен беше дуелот на две екипи чии капитени се македонски играчи, а еден против друг играа Тричковски, како капитен на АЕК, и Давор Здравковски, кој е предводник на екипата на АЕЛ.

Поуспешен беше поискусниот Тричковски, иако и АЕЛ и Здравковски можат да се надеваат на полуфинале бидејќи во Ларнака во реваншот и двете екипи ќе тргнат од нула.

Третиот наш интернационалец Даниел Мојсов не игра за АЕК поради повреда. Реваншот ќе се игра на 19 февруари во Ларнака и домаќин ќе биде АЕК.

- Оглас -

Најнови вести