Македонските одбојкари не се сами на ЕП во далечниот Тампере (Фото+Видео)

Нема место во Европа каде што игра македонска репрезентација во екипните спортови, а на трибините да нема наши навивачи. Така е и во далечниот фински град Тампере, каде што деновиве одбојкарската машка репрезентација учествува на Европско првенство.

Еден од најредовните фанови на македонските репрезентации, Горан Кипријановски-Кипре, не сакаше да ја пропушти приликата да отпатува до Тампере и да ги бодри одбојкарите. Тој ја пренесува атмосферата од Финска.

„На повеќе места низ улиците на градот има рекламни паноа за Европското првенство. Во сала на натпревар се влегува само со билет, не бараат сертификати. Има само препорака за носење маска, но не е задолжително и никој не ви прави проблем ако не носите маска, камоли да го избркаат од трибина или слично. Пред салата има фан-зона, но празна е. Публика во голем број има само кога играат Финците“, раскажува Кипријановски од Тампере.

Освен популарниот Кипре, има и други Македонци кои се во Тампере и на одбојкарите им даваат поддршка. Против Финска беа во малцинство на трибините, но вечер од 19 часот против Холандија сигурно повеќе ќе се слушаат, и тоа многу ќе им значи на Спартанците во битката со некогашниот олимписки првал.

Видео од расположението на македонските фанови во Тампере може да видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести