Македонско дерби во АБА-2 лигата: Кој ќе дојде поблиску до плејофот? (Фото)

Екипите на Пелистер и ТФТ попладнево (18 ч.) ќе го одиграат својот меѓусебен натпревар од кошаркарската АБА-2 лига во балонот кој се одржува во српскиот туристички центар Златибор.

Двете екипи имаат идентичен биланс по првите три кола, а тоа е по една победа и два пораза, па затоа денешниов натпревар за една од екипите може да биде пресвртница и да ги доведе чекор поблиску до посакуваната цел, пласман помеѓу најдобрите осум екипи во второлигашкото јадранско друштво, односно во плејофот.

Квотите во Sport Life велат дека битолчани се големи фаворити со квота од 1.32, додека изненадувањето на ТФТ има квота од 3.50. Само пред шест дена овие две екипи одиграа и првенствен натпревар во Битола, на кој победи Пелистер со 87-70. Воедно, екипата од Битола има серија од четири победи по ред против ТФТ.

- Оглас -

Најнови вести