Македонци навиваа за Парма, Пандев имаше со кого да го прослави голот (Фото)

Натпреварот помеѓу Парма и Порденоне од Серија Б, беше посебен за Горан Пандев, бидејќи го постигна својот прв гол во дресот на Парма, а на трибините на „Енио Тардини“ се најдоа и македонски навивачи кои му даваа поддршка на големиот Пандев.

Предводник на оваа група фанови беше струмичанецот Наце Митев, кој живее и работи во Германија, и е редовен посетител на спортски настани низ Европа, особено таму каде што игра репрезентацијата на Македонија или македонски спортисти.

На трибините се најдоа македонско знаме, и она знаме на кое пишува „Гранде Пандев“ (Големиот Пандев), што секако беше мотивација плус за струмичанецот, кој успеа да постигне гол и ова попладне да им го направи незаборавно на нашите фанови.

- Оглас -

Најнови вести