Макс веќе испиша историја, на ред е да стане прв домаќин со победа на холандското Гран при

Макс Ферстапен вчера по седми пат сезонава ја освои пол-позицијата, па така испиша историја како прв холандски возач кој изборил најдобро време во квалификациите за трката на Големата награда на Холандија, која денес од 15 часот ќе се одржи по 35 години пауза.

Никогаш претходно домаќин на ова Гран при не бил најдобар во квалификациите, односно шесто место било најдобар пласман на холандски возач во најбрзиот мото-циркус во светот.

Време е Ферстапен да испише уште една страница во историјата на Формула 1, да биде првиот холандски возач со триумф на патеката Зандворт. Воедно Ферстапен ќе атакува на седма овосезонска победа, што е мотив повеќе да ја оправда фаворитската улога.

Зад пилотот на Ред бул ќе бидат сребрените стрели на Мерцедес. Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон стартува од втората позиција, како трет ќе тргне Валтери Ботас, а во топ 10 по редослед се најдоа уште Гасли, Леклер, Сајнц, Џовинаци, Окон, Алонсо и Рикијардо.

- Оглас -

Најнови вести