Малдини оди по стапките на Леонардо, по Милан ќе биде директор во ПСЖ?

Легендарниот италијански дефанзивец, Паоло Малдини, само два месеци откако го напушти Милан каде ја извршуваше функцијата спортски директор, наскоро може да добие нов ангажман.

Според „Скај Италија“, Малдини има две понуди на маса, од Фудбалската федерација на Италија и од ПСЖ.

Доколку ја прифати понудата на Светците, Малдини би го следел примерот на уште еден поранешен фудбалер на Милан, Леонардо.

Бразилецот Леонардо, исто така беше директор на Милан, по што се пресели во ПСЖ. Ако ја прифати понудата на ПСЖ, Малдини ќе го замени спортскиот директор Луис Кампос, кој би добил нова функција во клубот.

Втората понуда е од Фудбалската федерација на Италија, но засега не е познато која функција би ја добил Малдини, а „Скај Италија“ шпекулира дека би бил директор на репрезентацијата.

Малдини по завршување на сезоната, си замина од Милан по кавгата со претседателот на Росонерите, Гери Кардинале.

- Оглас -

Најнови вести