Малер на викендот: За еден меч му „избегаа“ два и пол милиони денари

Викендот кој измина сигурно долго ќе го памти еден обложувач во Sport Life кому малку му недостасувало да му се насмевне среќата и да стане милионер. Обложувачот кој има одиграно три речиси идентични тикети, ни испрати фотографија како доказ за тоа колку бил блиску да освои над два и пол милиони денари.

Тактиката му била едноставна. Има четири меча на кои верува и ги игра само тие во слични комбинации. Се работи за дуелите Гројтер фирт – Сент Паули 2:1 (2:0), Алмерија – Понферадина 3:1 (3:0), Бенфика (Б) – Оливеиренсе 4:0 (1:0) и Карагумрак – Трабзонспор 1:2 (0:0).

На сите три тикети уплатата е по 1.000 денари, а на две добивката е еден милиони денари, додека третиот тикет е со добивка од 538.000 денари. На сите три тикети комбинацијата е да биде 1-1, односно домаќините да водат на полувреме, а потоа на крајот и да победат. Различни се комбинациите на постигнати голови, но и во трите случаи тоа е добитно.

Единствен кикс е направен на мечот од турското првенство меѓу Карагумрак – Трабзонспор, каде што типот е 1-1, а на полувремето е 0:0, додека на крајот гостите победуваат со 2:1. Поради овој резултат, обложувачот за малку не успеа да добие повеќе од два и пол милиони денари, и тоа само со три уплатени тикети.

 

- Оглас -

Најнови вести