Малерозниот Дел Потро повторно го откажа настапот на ОП на Австралија

Некогашниот трет светски рекет Хуан Мартин дел Потро го откажа својот настап на ОП на Австралија поради тоа што уште се мачи со повредата на коленото. Аргентинскиот тенисер го пропушти вториот дел од минатата сезона откако со повредата се здоби на турнирот во Квинс, по што мораше да оди на операција.

Дел Потро по петти пат во последните шест години се откажува од првиот од вкупно четири Гренд слем турнири, додека најдобар пласман во Мелбурн му се четвртфиналните настапи во 2009 и 2012 година.

Пред него, настапот во Австралија го откажа Јапонецот Кеј Нишикори, како и поранешниот број 1 Енди Мареј. ОП на Австралија стартува на 20 јануари и ќе се одржува до 2 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести