Малкумина веруваат дека Арсенал ќе остане перфектен по гостувањето на „Олд Трафорд“

Третото коло на Спортска прогноза е во тек, а за овој викенд има 13 интересни мечеви од Топ 5 лигите кои се предизвик за секој играч. Има повеќе дерби-дуели, но еден е посебно интересен. Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ е домаќин на Арсенал во дуел на две екипи кои некогаш царуваа во Премиер лигата.

Арсенал има фантастичен старт и е единствен со пет победи во петте меча, додека Манчестер јунајтед стартуваше со два пораза, а потоа врза две победи, па вечерва Црвените ѓаволи гостуваат кај Лестер.

Од над 1.000 прогнозери кои досега ги дале своите прогнози, само 30 отсто веруваат дека Топчиите ќе слават на „Олд Трафорд“ и ќе ја продолжат перфектната низа. Над 43 отсто очекуваат „кец“, а околу 27 отсто се за нерешено.

Како и секое коло така и овојпат, главната цел на сите прогнозери е да се стигне до „Среќна 13-ка“ која дава шанса да одберете еден од понудените подароци (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X). За 12 погодоци следува ваучер од 1.000 денари, додека за 11 погодени мечеви вредносниот ваучер е 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести