Го разочараа своите фанови со изданието на гостувањето во Скопје, но белгиските Црвени ѓаволи вечерва облечени во жолти дресови, покажуваат моќ.
После само 27 минути игра Белгија поведе со убедливи 3-0 против Велс. Со ова, се направи услуга за Македонија во битката за врвот. Ако Белгија победи, а речиси сигурно ќе победи, Македонија останува прва во групата најмалку до септември, со бод повеќе од Велс. На Белгијците ќе им бегаме четири бода, но тие имаат и одиграно два меча помалку.
Во септември, Македонија игра со Лихтенштајн дома и тоа е шанса со победа да останеме лидери и до октомври кога играме на гости со Белгија и Казахстан дома. Ако го победиме Казахстан, ноемвриското гостување кај Велс во последното коло ќе биде решавачко за втората позиција и баражот за СП, а ако не загубиме од Белгија, тогаш во Велс може да бркаме и прва позиција и историски директен пласман на Мундијалот.