Белгија го победи Велс со 4-3 во спектакуларен натпревар од квалификациите за Светско првенство, во меч од групата во која е и Македонија.
Овој резултат значи дека нашата селекција останува прва на табелата (со еден бод повеќе од Велс и четири од Белгија, но Белгија има и одиграно два меча помалку) до следниот циклус кој се игра во септември.
Црвените ѓаволи доминираа и водеа со 3-0 после 27 минути игра, но голот од пенал кој го даде Велс во финишот на првиот дел им даде крила и самодоверба, па вече во 60-та минита беше шокантни 3-3.
Белгија прво погоди за 4-3 во 81-ва минута, но голот на Ромелу Лукаку беше поништен. Седум минути подоцна, во 88-ма, Кевин Де Бројне даде гол кој важеше и Белгија триумфираше со 4-3, не дозволувајќи сензација.
Kevin de Bruyne | 🇧🇪 Belgium 4-3 Wales 🏴
This time De Bruyne !!!pic.twitter.com/uGCiVECwMG
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 9, 2025