После финалето на Лигата на нации во кое Португалија на пенали ја победи Шпанија, а трагичар беше Алваро Мората, капитенот на „Црвената фурија“ беше единствениот играч кој утна пенал, Мората и семејството добивале сериозни смртни закани.
Ова го откри Аличе Кампело, сопругата на напаѓачот на Галатасарај.
„Дали сфаќаме дека зборуваме за фудбалски натпревар? Во животот, сите правиме грешки. Животот е составен од лекции, искуства, добри и лоши моменти за секого, но ние не сме никој што ќе ги суди другите. Фудбалот е таков и мислам дека во тоа е неговата убавина… што е толку возбудлив и непредвидлив… тоа е спорт и забава, па затоа мора да му го дадеме значењето што го заслужува. Би сакал да ги видам животите на секој од луѓето кои критикуваат за грешка и да видам колку совршено прават сè и што постигнале во животот… Ве молам, имајте почит и престанете да бидете толку лоши луѓе“, напиша италијанската инфлуенсерка на својот Инстаграм профил.
Мората беше крајно разочаран и најави дека размислува за завршување на репрезентативната кариера.
„Ми се плачеше, но не плачев на терен затоа што моето семејство и децата беа тука. Лут сум бидејќи игравме добро, жал ми е за соиграчите, но тоа е дел од фудбалот и животот. Во моментов мислам само на моите соиграчи, ништо не е сигурно за во иднина, ќе зависи од многу работи. Треба да се размисли мирно со ладна глава, но секако има можност да не сум тука на септемвриските мечеви“, рече Мората.