Грузискиот голман Ѓорѓи Мамардашвили ги мина лекарските тестови и наскоро треба да дојде официјализацијата на неговиот шестгодишен договор со Ливерпул.
На профилот на познатиот новинар Фабрицио Романо се појави и фотографија на Мамардашвили во дрес на Ливерпул. Очигледно е дека голманот сам ја направил таа фотографија како потврда дека работата е завршена.
Но, Мамардашвили на Црвените ќе им се приклучи следното лето, во јули 2025 година, откако Алисон ќе си оди. Ова значи дека сезонава Мамардашвили останува како позајмен во Валенсија, што не е баш добра вест за Столе Димитриевски, кој ќе му биде резерва и нема да има премногу настапи за Лилјаците сезонава, освен ако Грузиецот не се повреди.