Еден од најискусните во составот на Македонија, Дејан Манасков е разочаран по убедливиот пораз од Холандија. Манасков е играч кој со Македонија победувал на големи мечеви на СП или ЕП, па сигурно дополнително тешко му паѓаат двоцифрените неуспеси против Норвешка и Холандија.
„Катастрофа… Од тоа што се плашев пред мечот, тоа се оствари. Кажам дека ако играме како против Норвешка, ќе загубиме со 10 разлика и токму тоа се случи. Очигледно немаме квалитет за вакви натпревари, кои се играат со концентрација, со глава, со срце. Не смее да се биде без мотивација и со изгубени глави. Сега треба да собереме сили и да се обидеме да ја победиме Аргентина и да одиме во вториот круг“, рече разочараниот Манасков веднаш по мечот.