Манасков: Ова е реалноста за оваа репрезентација

Дејан Манасков постигна пет гола против Исланд и заедно со Кирил Лазаров беа најефикасни во нашиот состав, но тоа не беше доволно да се победи Исланд.

„Мислам дека добро одигравме во првиот дел, имавме водство. Во вториот дел едноставно не одеше во нападот. Ја затворија средината, ги затворија пивотите. Доаѓавме до пасивна игра, влегувавме во неизградени шутеви, а Исланд тоа знаеше да го казни. Донекаде ова е реалноста за оваа репрезентација. Нема разочарување. Тоа е тоа, одиме да одиграме во Келн за да видиме на кое место ќе бидеме на крајот. Секако дека е тешко што не ја поминавме групата, но мора да гледаме напред. Цел ни беше да се пласираме во вториот круг, но, за жал, не успеавме“, заклучи Манасков веднаш по поразот од Исланд.

- Оглас -

Најнови вести