Манчестер ј. и Баер Л. се во одлична форма, па ќе победат и денеска во Лигата на Европа

Ајнтрахт Франкфурт – Базел (18:55 ч.)

Ајнтрахт е тим кој на домашен терен сезонава игра офанзивно и во просек дава повеќе од два гола на меч, но има и слаба одбрана. Базел е противник кој само може да биде одличен спаринг-партнер за да има предуслови да гледаме меч со многу погодоци.

Домаќините треба да се стекнат со предност која ќе им гарантира мирен реванш, но Базел сигурно нема лесно да се предаде.

Предлог тип: 1&3+ (2.45)

 

ЛАСК – Манчестер јунајтед (18:55 ч.)

Лидерот во австриското првенство сезонава не е навикнат да губи, па во првенството има само два неуспеси во 20 меча. Во првата нокаут-фаза ЛАСК го елиминираше АЗ Алкмар, тим кој во групната фаза за противник го имаше Манчестер јунајтед и на домашен терен одигра 0:0.

Сепак, факт е дека англискиот гигант во последниве два месеци игра на многу повисоко ниво. Доаѓањето на Бруно Фернандеш и Игало го подигна квалитетот во играта на Црвените ѓаволи, кои во последните 10 меча имаат шест победи и четири нерешени. Едноставно не треба да има дилеми дека Манчестер уште денеска ќе обезбеди резултат за во следната фаза.

Предлог тип: 2 (2.02)

 

Ренџерс – Баер Леверкузен (21 ч.)

Баер Леверкузен игра речиси перфектно во 2020 година. Во последните 15 меча во сите натпреварувања, германскиот тим има 12 победи, едно реми и два порази. Ренџерс игра променливо, па пред неколку дена дома загуби од најслабиот тим во лигата, Хамилтон, а потоа се намачи и со 1:0 го победи Рос каунти на гости.

Реално, Баер е голем фаворит и треба да ги продолжи добрата форма и резултатите.

Предлог тип: 2&2-4 (3.30)

 

Олимпијакос – Вулверхемптон (21 ч.)

Во Олимпијакос главна тема изминативе денови беше Коронавирусот, со кој беше заразен претседателот на грчкиот тим. Од Вулверхемптон побараа да има одложување на мечот, но УЕФА тоа не го прифати, па Волците вечерва ќе бидат на мегдан во Пиреја.

Олимпијакос направи вистински подвиг во претходното коло откако успеа да го елиминира Арсенал, и тоа победувајќи го во Лондон. Грците играат дефанзивен фудбал и не се очекуваат многу погодоци.

Предлог тип: 0-2 (1.64)

 

Волфсбург – Шахтар (21 ч.)

Германскиот тим има девет меча без пораз (седум победи и две нерешени), но Шахтар е противник кој заслужува респект. Двете екипи негуваат офанзивен фудбал и целта им е да дадат гол повеќе од противникот. Шахтар во претходната фаза ја елиминираше Бенфика, додека Волфсбург имаше полесна задача во двомечот со Малме.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести