Манчестер јунајтед е заинтересиран за голман чија девојка е една од најубавите жени на светот

Голманот на Ајнтрахт Франкфурт, Кевин Трап, е нова цел на Манчестер јунајтед откако во трката за голманот на Интер, Андре Онана, се вкучи саудискиот Ал-Наср, кој веќе доставил понуда.

https://twitter.com/UtdDistrict/status/1675533693212037120?s=20

Според весникот „Мирор“, менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, посакува нов голман за следната сезона да му биде или Трап или чуварот на мрежата на Феенорд, Јастин Билјов, а поголеми шанси има Германецот.

Трап е поранешен голман на ПСЖ, а за репрезентацијата на Германија има седум настапи, но попознат е по тоа што негова девојка е една од најубавите жени на светот, бразилската манекенка Изабел Гуларт. Таа е заштитно лице на Викторија сикрет, а се запознаа пред осум години кога Трап бранеше за ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести