Манчестер јунајтед го освои првиот трофеј по пауза од шест години, сезонава може да освои уште три

Фудбалерите на Манчестер јунајтед триумфираа во финалето на Лига купот, кој сега се нарекува Карабао Куп, откако во финалето што се играше на „Вембли“ славеа со 2:0 против Њукасл.

Ова е прв трофеј на Црвените ѓаволи по 2017 година, кога под водство на Жозе Мурињо триумфираа во Лигата на Европа.

Манчестер јунајтед има шанса сезонава да ја заврши со дури четири трофеи во своите витрини. Првиот го освои денеска, а ги продолжува настапите и во ФА Купот, додека во Премиер лигата се наоѓа на третото место на табелата со осум бода помалку од лидерот Арсенал на 14 кола до крајот на сезоната.

Манчестер јунајтед исто така ги продолжува и настапите во Лигата на Европа каде во осминафиналето го очекува двомеч со Бетис.

Црвените ѓаволи, победата ја обезбедија уште во првото полувреме, Каземиро во 33-та минута го отвори резултатот, а шест минути подоцна Ботман си постигна автогол.

 

- Оглас -

Најнови вести