12.8 C
Skopje
среда, 8 октомври 2025

Манчестер јунајтед и Ал-Хилал веќе го договориле трансферот на Бруно Фернандеш?!

Медиумите во Велика Британија се преполни со написи за заминувањето на Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед. Според нив, раководството на Црвените ѓаволи веќе постигнало договор со Ал-Хилал за продажбата на Португалецот, а трансферот треба да се реализира следното лето.

Манчестер јунајтед за продажбата на Бруно Фернандеш треба да добие 115 милиони евра, а планот на раководството е со тие пари да ангажира две нови засилувања.

Во британските медиуми се споменува ангажманот на Балеба и Елиот Андресон, фудбалери со кои треба да се надополни заминувањето на Бруно Фернандеш.

- Оглас -

Најнови вести