Манчестер јунајтед ќе му го расипе планот на англискиот шампион?

Манчестер јунајтед е решен да му го расипе планот на ривалот Ливерпул и да го украде Тијаго Алкантара. Германскиот и европски шампион не ја намалува цената и бара 30 милиони евра за 29-годишниот Тијаго, сума која Ливерпул не сака да ја плати, но сака Јунајтед.

Шпанскиот репрезентативец веќе со месеци се поврзува со трансфер во редовите на англискиот првак откако најави дека ја завршува авантурата со Баварците, меѓутоа желбата да игра под водство на Јирген Клоп може да не му се оствари.

Од 2013 година па досега, Алкантара освои сè со Баерн Минхен, вклучувајќи ја и тројната круна од изминатата сезона, па на Островот гледа во нова авантура, која најверојатно ќе се одвива на „Олд трафорд“, наместо на „Енфилд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести