Манчестер јунајтед нема да му го продолжи тренерскиот договор на Рангник и веќе преговара со неговиот наследник

Ралф Рангник ќе остане на тренерската позиција до крајот на оваа сезона во Манчестер јунајтед, а потоа во наредните две години ќе биде консултант на овој тим, при изборот на играчи, како и нов тренер.

Иако Германецот кажа дека посакува да му биде продолжен тренерскиот договор, сепак такво нешто нема да се случи.

Според информациите од Англија, раководството на Манчестер јунајтед започнало преговори со Ерик Тен Хаг кој има фантасични резултати со Ајакс.

Тен Хаг веќе неколку години успешно го води холандскиот великан, и наводно тој е подготвен за предизвикот во Манчестер.

Останува да се види дали ќе има согласност од Ајакс кои дефинитивно ќе бараат големо оесштетување со оглед на тоа дека договорот со овој тренер им е до јуни 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести