30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Манчестер јунајтед остана без извршниот директор

Манчестер јунајтед објави дека на крајот од годината ќе си замине извршниот директор на тимот, Ричард Арнолд, кој цели 16 години беше дел од управата на Црвените ѓаволи.

„Ричард ќе продолжи да ни дава поддршка во транзицијата до крајот на декември. Ќе започнеме процес на избор на нов генерален директор на тимот“, соопшти Манчестер јунајтед.

Сегашниот главен советник на Манчестер јунајтед, Патрик Стјуарт, ќе биде именуван за привремен извршен директор сè до пронаоѓањето на трајно решение.

Арнолд во февруари 2022 година го замени Ед Вудворд, а си заминува од тимот во моментите кога сопствениците, браќата Глејзер, се обидуваат да го продадат тимот.

- Оглас -

Најнови вести