Манчестер јунајтед подготвен да му плати 10 милиони фунти на Мегваер само да си оди од клубот!

Манчестер јунајтед во следната сезона не сака во своите редови да го има дефанзивецот Хари Мегваер. Според англиските медиуми, тренерот на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг, веќе одлучил дека Мегваер нема да му биде потребен, па сака што е можно побрзо да го „откачи“ од клубот.

Мегваер пристигна на „Олд Трафорд“ во 2019 година за рекорден трансфер за еден дефанзивец од 80 милиони фунти. Ја доби и капитенската лента, но сепак, наместо големо засилување, тој се претвори можеби во најголемото промашување во историјата на клубот.

Мегваер правеше многу грешки, киксови по кои Манчестер примаше голови, па затоа во сезоната што измина повеќе беше на клупата за резерви отколку на теренот. Одигра само 16 од дуели во сите натпреварувања.

Мегваер има уште две години од договорот со Манчестер, според кој заработува 190.000 фунти неделно. Сепак, од клубот се подготвени да му платат 10 милиони фунти за предвремен раскин на договорот и Мегваер да биде слободен летово да си најде нов клуб.

- Оглас -

Најнови вести