Легендарниот напаѓач на Манчестер јунајтед, а сега помошник-тренер, Руд ван Нистелрој, го советувал клубот да го купи Душан Влаховиќ од Јувентус.
Во конкуренција на Расмус Хојлунд и Џошуа Циркзе, Влаховиќ во Манчестер веројатно би бил прв напаѓач.
Наводно Црвените ѓаволи уште во јануарскиот преоден рок би тргнале по Влаховиќ, а за него се спремни да платат отштета од 50 милиони евра. Договорот на Србинот со Јуве е до летото 2026 година, но Старата дама би го продала ако добие добра понуда.
Сепак, тешко е да се верува дека Јувентус би го продал Душан среде сезона, поверојатно е разделбата да се случи налето.