Манчестер јунајтед притиска за Пепе, нова понуда за Лил од 70 милиони фунти

Манчестер јунајтед ја зголеми понудата за ангажман на Николас Пепе, а сега во игра се 70 милиони фунти како последен обид да се анагажира одличниот напаѓач на Лил и на репрезентацијата на Брегот на Слонова Коска.

Лил бара 90 милиони фунти, но можно е да попушти и да му го продаде Пепе на гигантот од Англија. Претходно Ливерпул беше најконкретен со понуда од 54 милиони фунти, која беше одбиена.

Во трка се и уште два клуба од Премиерлигата, Арсенал и Евертон, но сега Манчестер јунајтед е фаворит за да го донесе Пепе во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести