Манчестер јунајтед сака да го купи Дејан Кулушевски!

Младиот шведски фудбалер со македонско потекло, Дејан Кулушевски, би можел да си замине од Јувентус, и кариерата да ја продолжи во еден друг европски клупски гигант, а тоа е Манчестер јунајтед.

Кулушевски и во минатото се поврзуваше со трансфер на „Олд Трафорд“, а сега повторно е на радарот на Црвените ѓаволи. Од порталот Трансфермаркт, 20-годишниот Дејан е проценет на 45 милиони евра. Кулушевски во Јувентус игра како десно крило и како полушпиц, но во својата прва сезона како член на Старата дама, не ги оправда очекувањата. На 37 меча, има 5 гола и 4 асистенции.

Сепак, во Јуве имаат трпение и не сакаат лесно да се откажат од еден од најголемите европски таленти за кој платија 35 милиони евра плус девет за бонуси, па нивниот одговор до Манчестер е дека Кулушевски не е на продажба. Во Јуве единствено би размислиле да го трампаат Кулушевски за Пол Погба, па останува да се види дали ќе се оствари ваква размена, или нашинецот ќе остане во Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести