Манчестер јунајтед се израдува на 10-тата победа во последните десет меча против Нотингем Форест (Видео)

Манчестер јунајтед без многупроблеми славеше на гостувањето кај Нотингем Форест во меч од 31. коло на Премиер лигата. Со овој триумф Црвените ѓаволи дојдоа до третото место на табелата, но далеку се од трката за титулата. Главна нивна цел е да обезбедат место во Лигата на шампиони за следната сезона. За разлика од Манчестер, Нотингем Форест остана на 27 бодови и е во зоната за испаѓање.

Победата на Манчестер воопшто не е изненадување посебно ако се погледнат резултатите во минатото. Од 1996 година до сега овие два клуба играле 10 пати и во сите 10 средби победувал Манчестер јунајтед.

Бразилецот Антони во 32 минута го најави триумфот на фаворитот, кога одлично се снајде по една одбиена топка и успеа лесно да погоди во празната мрежа.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 76 минута кога Далот погоди за 2:0. Манчестер јунајтед и предходно постојано напаѓаше, а победата на Манчестер да не биде поголема најзаслужен е домашниот голман Кејлор Навас, кој одбрани неколку тешки удари.

- Оглас -

Најнови вести