Манчестер јунајтед во јануари тргнува по потписот со ѕвезда на Атлетико Мадрид

Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок кој стартува на први јануари, со сите сили ќе тргне по потписот со францускиот репрезентативец и член на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, побарал од управата да го ангажира Гризман во кого го гледа решението за проблемите со нападот и со реализирацијата.

За таа цел, Црвените ѓаволи на Гризман му нудат трипати поголема плата од таа што ја има во Атлетико, а се подготвени да платат и 25 милиони евра отштета.
Гризман сезонава одигра 16 меча за Атлетико Мадрид во сите натпреварувања и постигна 12 гола, а има и една асистенција.

 

 

- Оглас -

Најнови вести