Манчестер јунајтед загубил 167 топки во дуелот против Њукасл

Манчестер јунајтед го смени Оле Гунар Солскјер и го доведе Ралф Рангник за нов тренер, но тоа засега не носи промени во играта на Црвените ѓаволи. На последниот меч, Манчестер се спаси од пораз на гостувањето кај Њукасл и одигра 1:1, иако гостите беа фаворити за победата.

Статистиката покажува дека Манчестер јунајтед на „Сент Џејмс парк“ имал дури 167 загубени топки, па не е чудно зошто гигантот од Олд Трафорд не успеа да го победи вториот најслаб тим во Премиер лигата.

Според некои пишувања, во Манчестер јунајтед веќе се појавиле и првите проблеми меѓу тренерот Рангник и дел од играчите кои се жалеле дека германскиот стратег премногу ги форсира фудбалерите на тренинзите.

Шанса за поправен Манчестер ќе има веќе утре, и тоа на свој терен во дуелот против Барнли, во последниот меч на Премиер лигата за 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести