Мауро Икарди би можело да стане играч на Манчестер јунајтед ако во јануарскиот преоден рок си замине Единсон Кавани.
Договорот на Кавани со Црвените ѓаволи важи до крајот на јуни 2022 година, а за него се интересираат Барселона и некои клубови од Јужна Америка. Икарди се мачи во ПСЖ, не игра премногу, а и не е во најдобри односи со првата ѕвезда Лионел Меси, па би можело да си оди од Париз. Желба на неговата сопруга и агент, Ванда, е Икарди пак да игра во Италија, но можеби би ја прифатиле и понудата од Манчестер.