Манчестер сити и Интер имаат капитална предност по првите мечеви со Баерн и Бенфика (Видео)

Манчестер сити и Интер имаат капитална предност по првите дуели во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен и Бенфика. Во дербито, Сити убедливо со 3:0 го победи Баерн Минхен, додека во дуелот на некогашните европски прваци, Интер на гости со 2:0 славеше кај Бенфика.

Англискиот првак доминираше во дуелот со Баерн, кој играше без класичен напаѓач, па на крајот домаќините стигнаа до убава предност пред реваншот во Минхен. Отпорот на гостите во провото полувреме го скрши Родри, кој постигна фантастичен погодок за 1:0, што беше резултат по првите 45 минути. Голот на Родри може да го видите ТУКА.

Во второто полувреме Баерн се обиде да израмни и германскиот гигант беше рамноправен противник сè до 70-тата минута, кога гостинската одбрана направи кикс, а тоа веднаш беше казнето. Бернардо Силва погоди за 2:0 по асистенција на Ерлинг Халанд.

https://twitter.com/i/status/1645886514067374081

Само шест минути подоцна Сити повторно се радуваше. Овојпат Халанд погоди на асистенција на Стоунс, што беше доволно за Баерн да го претрпи најтешкиот пораз во Лигата на шампионите во последните шест години.

https://twitter.com/i/status/1645888088453918720

Интер има капитална предност откако со 2:0 победи на гости кај Бенфика. По првиот дел немаше погодоци, а Барела донесе радост за Нераѕурите во 51-вата минута. Предноста на гостите беше удвоена благодарение на погодокот на Лукаку од пенал во 82-рата минута.

https://twitter.com/i/status/1645889925902999555

- Оглас -

Најнови вести