Манчестер сити има луд план – Го нуди Стерлинг во замена за новиот Меси

Манчестер сити ја одреди цената за англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг и тој ќе може да си замине од клубот ако се најде некој што ќе плати 80 милиони евра.

Барселона е заинтересирана за напаѓачот на актуелниот англиски првак, но поради големата финансиска криза, нема пари за таков трансфер.

Тоа сака да го искористи Манчестер сити и со луд план да го трампа Стерлинг за новиот Меси во Барселона. Секако, станува збор за Ансу Фати, па иако сè е можно на трансфер-пазарот, таквата идеја изгледа неостварлива.

Барселона му ја даде десетката на Фати, број на дрес што претходно ја имаше иконата на клубот, Лео Меси, и нема намера воопшто да преговара за евентуална трампа со Манчестер сити.

Планот на Каталонците е да му понудат договор на Фати до 2025 година со отштетна клаузула од неверојатни милијарда евра. Иста клаузула во договорот има Педри.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести