Манчестер сити има проблем со својата ѕвезда, им ја одби првата понуда за нов договор

Кевин де Бројне ја одби првата понуда на Манчестер сити тешка 300 илјади евра неделно плус бонуси и засега не го продолжи договорот со популарните Граѓани.

Најдобриот играч во Премиер лигата според изборот за ланската сезона во Англија, очекува да биде во рангот на најплатените играчи во лигата, а тоа би значело и малку подобра понуда од неговиот сегашен тим.

Моментно најплатен во англиското првенство е голманот на Манчестер јунајтед Давид де Хеа со неделна плата од 400 илјади евра.

Зад него е Месут Озил, кој не игра за Арсенал, но си инкасира по 390 илјади евра неделно од касата на Топчиите. Иста плата има уште еден член на Арсенал, капитенот Пјер-Емерик Обамејанг, а пред Де Бројне според платата се и Кај Хаверц и Тимо Вернер со по 350 илјади евра неделно и уште неколку фудбалери што имаат неделна заработувачка над 300 илјади евра, колку што Сити ѝ нуди на својата прва ѕвезда во тимот.

Сепак, ова е само прва рунда на преговори, добро е за Сити што Де Бројне постојано истакнува дека сака да продолжи да игра за тимот од Манчестер, па се очекува нов сет преговори во јануари.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести