Манчестер сити ја победи ФА – Шампионот не дал мито за Жадон Санчо

Фудбалската федерација на Англија (ФА) по деветмесечна истрага објави дека Манчестер сити не ги прекршил правилата при ангажманот на Жадон Санчо, односно не му дал мито од 200 илјади фунти на менаџерот Емека Обаси, за да помогне да се случи трансферот.

Играчите не смеат да имаат менаџери до 16-годишна возраст, а Сити беше под истрага дека наводно има дадено пари за да се подмачка работата и Санчо, кој тогаш имаше 14 години да се пресели од Ватфорд во Академијата на шампионот.

Обаси не смеел да му биде агент на Санчо во 2015 година, бидејќи еден од најголемите англиски таленти тогаш имаше само 14 години.

ФА најави дека истрагата е прекината и нема причина да го казни актуелнито англиски првак, но ако повторно има некакви индиции, или докази, ќе сотвори нова постапка против Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести